,

HTG700

Sony

Спореди
  • 3.1-кан. звучник во вид на лента со Dolby Atmos®/ DTS:X™
  • Доживување на опкружувачки звук со макс. 7.1.2-канали
  • Централен звучник за појасен дијалог
  • Безжичен сабвуфер за звук со моќен бас

25,990 ден

  • Слушајте звук од сите правци со опкружувачкиот звук со 7.1.2 канали

Нашата напредна технологија за опкружувачки звук Vertical Surround Engine ви овозможува да уживате во возбудливиот звук на најновите формати на звук како во кино, како што се Dolby Atmos® и DTS:X™, преку тенок уред. Неговите три предни звучници, заедно со уникатната обработка на сигнали од Sony, создаваат „вертикален“ опкружувачки звук со што се добива виртуелен опкружувачки звук што доаѓа кон вас од сите страни.

  • Сите содржини се подобруваат со 7.1.2 канали

Во модерните кино сали има звучници насекаде околу вас, секој со посебно прилагоден звук, за да создадат прекрасно доживување со опкружувачки звук. Притиснете го копчето Immersive AE (подобрување на звук) и HT-G700 ќе го подобри дури и стандардниот стерео звук до 7.1.2-кан. опкружувачки звук за сите серии и филмови да добијат опкружувачки звук.

  • Подигнување на звукот според висината на вашиот телевизор

Звукот се прилагодува за да одговара на висината на вашиот телевизор со помош на S-Force PRO. Сега, дури и ако телевизорот е поголем од 55 инчи, ќе изгледа како звукот да доаѓа од екранот на телевизорот, за уште поголемо уживање во сите содржини што ги гледате.

  • Безжичен сабвуфер за богат и моќен бас

Моќниот безжичен сабвуфер создава звук со подлабок и побогат бас, а благодарение на лесното безжично поврзување може да го поставите каде што сакате.

  • Режими на звук што одговараат на вашата забава

Изберете звук или режим за звук што најмногу ќе одговара за вашата забава преку наменско копче на далечинскиот управувач. Уживајте во филмови со режимот Кино и слушајте ги сите детали од омилените песни во режимот Музика. Режимот Глас ги прилагодува поставките за звук да го истакнат говорот за да не пропуштите ниту збор. Ноќниот режим, пак, го оптимизира балансирањето на звукот за да можете да слушате јасно сè дури и при мала јачина на звукот.

  • Едноставно поврзување

Поврзете компатибилен телевизор или уред безжично преку технологијата Bluetooth® или искористете го HDMI eARC/ARC или оптичкиот дигитален влез за да добиете звук со максимален опсег.

  • Уживајте во сите ваши филмови во 4K HDR-квалитет

Одликувајќи се со најнова технологија за проследување во 4K HDR со 18 Gbps и HDCP2.2/HDCP2.3, HT-G700 е подготвен за најновите формати за домашно кино како Dolby Vision, HDR10 и Hybrid Log Gamma.

  • Безжично поврзување со вашиот телевизор

Испраќајте звук безжично од вашиот компатибилен телевизор од Sony кон звучникот во вид на лента преку технологијата Bluetooth®.

  • Кабел HDMI eARC/ARC

Проследувајте звук и контролирајте ги информациите од вашиот телевизор преку само еден кабел со HDMI.

 

  Големина и тежина
ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД – САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д)980 x 64 x 108 мм
ТЕЖИНА НА ГЛАВЕН УРЕД – САМО КУЌИШТЕ3,5 кг
ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д)192 x 387 x 406 мм
ТЕЖИНА НА САБВУФЕР7.5кг
  Засилувач
Тип на засилувачДигитален засилувач, S-Master
Канали на засилувач3.1-кан.
Излезна моќност (вкупна)400W
  Сабвуфер
Вид на сабвуферБезжични
  Интерфејс
Влезни и излезни приклучоциОптички влез за звук, USB од тип A, FAT32
Bluetooth®RX (приемник)
Верзија на Bluetooth®Вер. 5.0
HDCP2.2Да
  HDMI®
Број на влезови/излезиВлез / излез: 1 / 1 (eARC / ARC)
eARCДа
4K/60p/YUV4:4:4Да
HDRДа
Компатибилност со Dolby Vision™Да
HLG (Hybrid Log-Gamma)Да
HDCP2.2Да
BRAVIA SyncДа
HDMI® CECДа
  Аудио формати
HDMI влезDolby Digital, Dolby Digital plus, Dolby TrueHD, Dolby Dual mono, DTS, DTS HD High Resolution Audio, DTS HD Master Audio, DTS ES, DTS 96 / 24, DTS: X, LPCM
HDMI eARCDolby Digital, Dolby Digital plus, Dolby TrueHD, Dolby Atmos, Dolby Dual mono, DTS, DTS HD High Resolution Audio, DTS HD Master Audio, DTS ES, DTS 96 / 24, DTS: X, LPCM
Оптички влезDolby Digital, Dolby Dual mono, DTS, LPCM 2ch
Bluetooth®(приемник)AAC, SBC
  Функција за звук
Режим на звукАвтоматски звук, кино, музика, стандардно
Звучен ефектНоќен режим, режим за гласови, режим за гласови (ниво)
Технологија за виртуелен опкружувачки звукS-Force PRO, Vertical Surround Engine, DTS Virtual:X
  Распоред на звучници
Структура на звучници3.1-кан. (безжичен сабвуфер)
  Безжични функции
Безжично поврзување со телевизорДа
  Детали
Потрошувачка на енергијаЗВУЧНИК 45 W / САБВУФЕР 20 W
Поставување на ѕидДа
  Еколошки, заштеда на енергија
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)0.5W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) – приклучоци2,0 W (HDMI CEC, Bluetooth®, сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиранПо 20 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоциПо 20 минути (HDMI CEC, Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)“Мени” -> “BT” -> “РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ” -> ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО “Мени” ->”HDMI” -> “КОНТРОЛА ЗА HDMI” -> ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО