4K HDR-процесор X1™
Нашиот моќен процесор користи напредни алгоритми за намалување на шумот и подобрување на деталите. Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближен 4K-квалитет со реални бои и контраст.
TRILUMINOS PRO™
Нашите телевизори со широка палета на бои и уникатен алгоритам TRILUMINOS PRO™ ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали. Ќе уживате во бои што ќе изгледаат реални.
4K X-Reality™ PRO
Гледајте прекрасни 4K-слики, богати со реални детали и текстури, благодарение на нашиот 4K HDR-процесор X1™. Сликите снимени во 2K-резолуција, па дури и во HD, ќе добијат нивоа на детали слични на 4K со помош на 4K X-Reality™ PRO што користи уникатна 4K-база на податоци.
Motionflow™ XR
Уживајте во јасни и остри детали дури и кај динамичните сцени со Motionflow™ XR. Оваа иновативна технологија создава и вметнува дополнителни слики измеѓу оригиналните слики. Таа ги споредува главните визуелни фактори на последователните слики, а потоа ги пресметува движењата кои недостасуваат и траат само дел од секундата во низата слики. Некои модели се одликуваат и со вметнување црни слики за елиминирање на заматувањето и добивање реалистичен изглед како во кино.
Ambient Optimization
Опуштете се и уживајте во прекрасно доживување при гледањето. Нашата уникатна технологија за амбиентално оптимизирање со сензор за светлина автоматски ги прилагодува сликата и звукот според опкружувањето.
Сензор за светло
Кај стандардните телевизори светлината не се менува независно од светлината во собата, што резултира со премногу темни или светли слики. Овој телевизор има вграден сензор за осветленост што ја оптимизира светлината на сликата според условите во собата, односно ја зголемува во светли соби и ја намалува во темни соби, за да добиете совршена слика.
Автоматски HDR со мапирање на тонови
Автоматскиот HDR со мапирање на тонови веднаш ги оптимизира поставките за HDR за време на првичното поставување на вашата конзола PS5™. Вашата конзола PS5™ автоматски препознава одредени модели на телевизори BRAVIA и ги избира најдобрите поставки за HDR според вашиот телевизор. Затоа, дури и во сцените со голем контраст, ќе можете да ги видите најважните детали и бои во најсветлите и најтемните делови од екранот.
Оптимизација на звукот за вашата соба
Доживувањето на звукот може да се промени во зависност од опкружувањето во собата. Завесите, на пример, го апсорбираат звукот, а предметите пред телевизорот го попречуваат движењето на звукот, со што се намалува квалитетот на тоа што го слушате. Овој телевизор ги открива предметите и репродуцира звук што е подобрен и оптимизиран според вашата соба.