, , ,

KD65X80K

Sony

4K HDR телевизор со OLED(QD-OLED), Cognitive Processor XR™, XR OLED Contrast Pro и Acoustic Surface Audio+™

  • Нов OLED-панел со најширок спектар на бои досега
  • Cognitive Processor XR™ разбира како гледаат и слушаат луѓето и создава пореално доживување
  • Звучникот во екранот и процесорот XR ги подобруваат сите звуци
  • Откријте нови начини за уживање во телевизијата со испорачаната BRAVIA CAM

79,990 ден

4K HDR-процесор X1™

Нашиот моќен процесор користи напредни алгоритми за намалување на шумот и подобрување на деталите. Со уште почист 4K-сигнал, сите содржини што ги гледате ќе имаат приближен 4K-квалитет со реални бои и контраст.

TRILUMINOS PRO™

Нашите телевизори со широка палета на бои и уникатен алгоритам TRILUMINOS PRO™ ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали. Ќе уживате во бои што ќе изгледаат реални.

4K X-Reality™ PRO

Гледајте прекрасни 4K-слики, богати со реални детали и текстури, благодарение на нашиот 4K HDR-процесор X1™. Сликите снимени во 2K-резолуција, па дури и во HD, ќе добијат нивоа на детали слични на 4K со помош на 4K X-Reality™ PRO што користи уникатна 4K-база на податоци.

Motionflow™ XR

Уживајте во јасни и остри детали дури и кај динамичните сцени со Motionflow™ XR. Оваа иновативна технологија создава и вметнува дополнителни слики измеѓу оригиналните слики. Таа ги споредува главните визуелни фактори на последователните слики, а потоа ги пресметува движењата кои недостасуваат и траат само дел од секундата во низата слики. Некои модели се одликуваат и со вметнување црни слики за елиминирање на заматувањето и добивање реалистичен изглед како во кино.

4K XR Super Resolution XR Super Resolution ги открива предметите во сликата и репродуцира практично реални текстури на екранот. Нашиот процесор BRAVIA XR прецизно ги анализира и обработува податоците за да создаде 4K-слики со четири пати поголема резолуција од Full HD за да ги збогати сцените со реални детали и текстури.
4K XR Smoothing XR Smoothing создава јасни и природни 4K-слики во реално време, без „појава на ленти“ како кај другите телевизори. Сцените се репродуцираат со илјадници тонови, нијанси и градации, поради што изгледаат многу реално.
XR OLED Motion XR OLED Motion и Cognitive Processor XR™ спречуваат заматување преку откривање и вкрстена анализа на важни визуелни елементи од последователните слики. Создава и вметнува дополнителни слики помеѓу оригиналните за да добиете јасни и остри движења, дури и во динамички сцени.
Помалку одблесоци и отсјај, прекрасна слика Одблесоците и отсјајот го отежнуваат гледањето, особено во темни сцени во кои длабочината и деталите се скриени. Рефлектирајќи многу малку надворешна светлина, нашиот екран OLED(QD-OLED) го намалува овој ефект и нуди неверојатна светлина, бои и контраст во речиси секакви услови на осветлување. Задлабочете се во сцената и уживајте во прекрасната слика без пречки.
Прекрасни бои од сите можни агли Страничното гледање телевизија никогаш не нудело такво задоволство. Нашата нова генерација на самоосветлувачки OLED-екран(QD-OLED) вграден во A95K нуди континуирано осветлување. Боите се доследни и реални од сите агли на гледање.
4K/120 fps Победете ја конкуренцијата со BRAVIA. Со HDMI 2.1 добивате стапка на слики до 120 fps кај компатибилните игри, за да ги совладате сите предизвици во игрите со пукање, спорт и динамички движења во кои има моментални промени на екранот. Исто така, игрите ќе изгледаат неверојатно рамномерни со намалено доцнење на влезниот сигнал од 8,5 ms со 4K/120 fps и наменскиот режим за игри.
Автоматски режим со мало доцнење Со автоматскиот режим со мало доцнење на HDMI 2.1, BRAVIA препознава кога ќе ја поврзете и вклучите конзолата и автоматски го активира режимот со мало доцнење. Ќе уживате во појасни игри со побрз одзив – неопходно за динамични и акциони игри.
Променлива стапка на освежување Благодарение на променливата стапка на освежување во HDMI 2.1, BRAVIA избегнува испрекинување и пресекување на сликата. Овој телевизор динамички ја прилагодува стапката на освежување на екранот за да одговара на променливите стапки на слики на уредот за игри, што ќе овозможи порамномерно играње.
Автоматски HDR со мапирање на тонови Автоматскиот HDR со мапирање на тонови веднаш ги оптимизира поставките за HDR за време на првичното поставување на вашата конзола PS5™. Вашата конзола PS5™ автоматски препознава одредени модели на телевизори BRAVIA и ги избира најдобрите поставки за HDR според вашиот телевизор. Затоа, дури и во сцените со голем контраст, ќе можете да ги видите најважните детали и бои во најсветлите и најтемните делови од екранот.
Режим на слика со автоматски жанр BRAVIA автоматски преминува во режимот за игри за да го минимизира доцнењето на влезниот сигнал и да овозможи движења со побрз одзив. Кога гледате филмови на конзолата PlayStation5®, тој се враќа во стандарден режим за да се фокусира на обработката на слики и да прикаже пораскошни сцени.
Acoustic Surface Audio+ Звукот излегува директно од екранот со Acoustic Surface Audio+™. Големите механизми за придвижување вибрираат и го претвораат целиот екран во звучник за да создадат моќна акустика што се движи заедно со сликата, за да слушате пореални звуци со јасен и природен дијалог. Левиот и десниот сабвуфер го засилуваат басот за да добиете врвен филмски звук во домот.
Големи механизми за придвижување Двата големи механизми за придвижување кај A95K, дизајнирани со совршено кружна форма, создаваат помоќен и пореален звук за сите содржини што ги гледате. Механизмите го вибрираат екранот за да создадат јасни средни и високи фреквенции, за да добиете звук што одговара на случувањата на екранот.
Конверзија во 3D-опкружувачки звук Содржините добиваат реален опкружувачки звук со BRAVIA XR™. XR Surround создава виртуелен опкружувачки звук од страните и вертикално користејќи ги звучниците на телевизорот, за да уживате во 3D-звук без звучници на таванот или звучници насочени нагоре. Нашите телевизори BRAVIA XR™ се компатибилни и со Dolby Atmos®.
Voice Zoom 2 Слушајте појасни дијалози од телевизорот без да ја зголемувате јачината на звукот. Дури и ако говорот се слуша слабо, Voice Zoom 2 го открива типот на гласот, го анализира и ја зголемува неговата острина.
Acoustic Center Sync Ако поврзете телевизор BRAVIA XR со звучник во вид на лента од Sony, звучникот во вид на лента го засилува централниот канал за звучникот за да овозможи појасни и поцелосни вокали. На овој начин, звукот се усогласува прецизно со сликата на екранот и добивате сеопфатно доживување.
Поддршка за 360 Spatial Sound Приспособете го доживувањето со Dolby Atmos® преку комбинирање на преносливиот звучник SRS-NS7 со BRAVIA XR™ за просторен опкружувачки звук. Со одредени слушалки од Sony, може да уживате и во симулираниот опкружувачки звук на 360 Spatial Sound со безжичниот предавател WLA-NS7 (се продава посебно).
Поврзување преку Bluetooth® Поврзете уреди компатибилни со Bluetooth® со вашиот телевизор за едноставна и безжична забава. Впарете ги вашите слушалки што поддржуваат Bluetooth со BRAVIA и уживајте во серии и музика на омиленото место – без пречки или прекини.
Ambient Optimization Pro Поврзете го вашиот телевизор BRAVIA XR со испорачаната BRAVIA CAM и уживајте во телевизија како никогаш досега. BRAVIA CAM препознава каде се наоѓате во собата и колку сте оддалечени од телевизорот, а потоа соодветно ги прилагодува поставките за звукот и сликата. Ова значи дека звукот – вклучувајќи го и дијалогот – е појасен и сеопфатен, а светлината на сликата е приспособена на вашето опкружување.
Автоматска калибрација на слика BRAVIA CAM го мери растојанието помеѓу вас и вашиот телевизор и ја прилагодува неговата светлина за да уживате во слика со совршен квалитет секогаш, независно од вашата положба во собата. Сензорот за светлина и бои на телевизорот ги оптимизира сликите според осветлувањето за да обезбеди најдобро можно доживување при гледањето.
Сензор за светлина и бои Ако бојата на изворот на светлина во собата се промени, на пример, од топла во ладна боја, боите на сликата на телевизорот ќе се променат и може да изгледаат вештачки. Овој телевизор има сензор за светлина RGB што ги оптимизира боите и светлината на сликата според изворот на светлина и опкружувањето.
Автоматска калибрација на звук – прилагодување на балансот лево/десно BRAVIA CAM ве следи вас и вашата положба, дури и ако гледате од страна, а потоа го прилагодува балансот на левиот и десниот звук за да добиете оптимална акустика. Независно каде седите во собата, ќе уживате во звук со ист квалитет како да седите пред телевизорот.
Автоматска калибрација на звук – автоматско зумирање на глас BRAVIA CAM открива на која оддалеченост гледате и може автоматски да го прилагоди зумот на гласовите за да слушате јасни дијалози. Јачината на дијалозите на телевизорот се зголемува кога се оддалечувате од телевизорот и се намалува кога се доближувате.
Предупредување за близина Предупредувањето за близина ви овозможува да поставите препорачана далечина на гледање за вашето дете и ве предупредува ако се доближи премногу до телевизорот.
Контрола со гестикулации Контролата со гестикулации ви овозможува да менувате канали, да ја прилагодувате јачината на звукот и многу повеќе користејќи едноставни гестикулации, без далечинскиот управувач.
Автоматски режим за заштеда на енергија Автоматскиот режим за заштеда на енергија ја оптимизира потрошувачката на енергија преку автоматско затемнување на екранот кога не сте пред телевизорот.
Видеокомуникација Разговарајте со пријателите и семејството на голем екран. Впарете го телевизорот со BRAVIA CAM и забавувајте се повеќе.
Google TV Пребарувајте повеќе од 700.000 филмови и серии во вашите услуги за проследување на едно место и организирани во теми и жанрови според вашите интереси.
Гласовно пребарување Пронајдете ги омилените содржини брзо како никогаш досега со помош на вашиот глас. Со гласовното пребарување нема сложена навигација или заморно пишување – треба само да изговорите.
Може да се користи со Apple AirPlay / Apple HomeKit Со Apple AirPlay може да проследувате видеоснимки и звук кон телевизорот директно од вашиот iPhone, iPad или Mac. Гледајте филмови и серии од апликацијата Apple TV, од омилените апликации, па дури и од Safari. Споделувајте фотографии со сите во просторијата.
Chromecast built-in Проследувајте веднаш од вашиот телефон, таблет-уред или лаптоп кон телевизорот. Со Chromecast built-in може да ги проследувате сите омилени филмови, серии, апликации, игри и многу повеќе, директно кон вашиот телевизор.
Далечински управувач со врвен дизајн Целосно го редизајниравме нашиот далечински управувач за лесна контрола на вашиот телевизор, дење или ноќе. Нашиот нов врвен далечински управувач е едноставен за користење благодарение на поедноставените копчиња, задното осветлување со кое може јасно да видите сè, дури и во темница, како и на функцијата за брзо пронаоѓање преку глас доколку го изгубите. Со компактен алуминиумски дизајн, овој далечински управувач има прекрасен, префинет изглед и е удобен за држење.
Лесно се брише Дизајниран со рамна површина со ниски копчиња и специјален полиуретански слој, нашиот далечински управувач лесно се брише и чисти.
Smart remote Сите поврзани уреди може да се контролираат со нашиот паметен далечински управувач. Пристапот до услугите за видео на барање со едно копче ќе ви ги пренесе сериите и филмовите во дневната соба за неколку секунди.
Два стила – стил на предна позиција Стилот на предна позиција со дизајн во вид на плоча го фокусира гледачот на екранот за најдобро можно доживување без пречки.
Два стила – стил на задна позиција Стилот на задна позиција ви овозможува да го поставите телевизорот многу блиску до ѕидот за тој совршено да се вклопи во просторијата.
Декорација на домот Функцијата за разубавување на ентериерот го претвора телевизорот во неопходен дел од животниот простор, прикажувајќи уметнички дела, фотографии, теми за зачувување на екранот и часовник на екранот.
BRAVIA CORE Достапен е огромен број на филмови што чекаат на вас. Со технологијата BRAVIA XR, Pure Stream™ и IMAX® Enhanced, сите содржини што ги гледате ќе имаат одлична слика и извонреден звук. Со калибрираниот режим за BRAVIA CORE, во вашиот дом може да ги гледате филмовите со поставките за слика што ги користеле режисерите.
Dolby Vision® и Dolby Atmos® Добијте филмско доживување во домот. Dolby Vision® внесува живописни бои и реалистичност во сцените за подобро доживување при гледањето, а Dolby Atmos® ја исполнува просторијата со сеопфатен опкружувачки звук.
Creator Calibrated Mode Creator Calibrated Mode на телевизорите BRAVIA XR може да ги оптимизира поставките на слика кога гледате содржини на Netflix и BRAVIA CORE. Приспособливиот калибриран режим на Netflix дополнително го оптимизира вашето доживување на Netflix во зависност од осветлувањето во просторијата, со што ви овозможува да уживате во содржините на Netflix во извонреден студиски квалитет, онака како што ги замислиле креаторите.