,

STRDH790

Sony

Спореди
  • Излезна моќност од 145W по канал
  • Компатибилност со Dolby Atmos и DTS:X
  • Проследување во 4K HDR и Dolby Vision™ за визуелна острина
  • 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино со поддршка за Dolby Atmos и DTS:X, проследување во 4K HDR и лесно поврзување преку Bluetooth®

29,990 ден

Dolby Atmos нуди неверојатна реалистичност со опкружувачки звук од 360º како резултат на прецизно позиционирање на звукот од секој агол во вашето опкружување – дури и од горната страна. На тој начин се добива богат звук што потполно во обвиткува.
Декодирањето со DTS:X создава повеќедимензионален опкружувачки звук што се адаптира кон вашите звучници во реално време. Звукот може да се позиционира прецизно околу вас и над вас благодарение на декодирањето на звук основано врз предмети.
Влезете во центарот на случувањата со извонредниот 5.1.2-канален систем за опкружувачки звук што нуди реалистичен звук од секој агол – дури и од горе.
Добијте реално доживување како во кино со 7.1-каналниот систем за опкружувачки звук. Идеален начин за елиминирање на пропустите во вашиот звучен простор – дури и во поголеми простории.
S-Force PRO Front Surround е идеален за помали простории и создава акустично поле со виртуелен опкружувачки звук преку само два звучници.
Ако користите различни конфигурации на звучници, нашата технологија за беспрекорна автоматска калибрација ќе се погрижи сите звучници да го репродуцираат истиот висококвалитетен звук. Автоматското усогласување на фаза ги порамнува карактеристиките на фазите на вашите звучници со предните канали за лев и десен звучник, со цел сите канали да работат совршено во создавањето поефикасен опкружувачки звук.
Со поддршката за проследување сигнали со висок динамички опсег (HDR) може да уживате во неверојатното подобрување на светлината и контрастот, а дополнителните сенки и осветлените делови уште повеќе ги подобруваат деталите на сликата и внесуваат реалистичност во боите. Најновите стандарди за HDR, како HDR10, HLG (Hybrid Log-Gamma) и Dolby Vision™, се поддржани.
Задржете го 4K-квалитетот од изворот до екранот – функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување податоци низ приемникот без намалување на квалитетот на сликата и е компатибилна со HDCP 2.2.
Освен што може да се поврзете со STR-DH790 преку Bluetooth® и да ги репродуцирате сите омилени песни, достапен е и режим на подготвеност со Bluetooth® што може да го вклучи вашиот приемник директно преку впарениот паметен телефон или таблет-уред.
Елегантната и дискретна контролна плоча беспрекорно се вклопува во секаков ентериер.
Едноставно поврзете се и притиснете на копчето за репродукција. Поврзувањето на вашиот UHD Blu-ray Disc™-плеер, телевизор и конзоли за игри е едноставно преку четирите HDMI-влезови и едниот излез и оптичките/коаксијалните дигитални и аналогни приклучоци за звук.
Приемникот со цврст дизајн што заштедува простор може лесно да се усогласи со вашиот мултимедиумски уред. Освен тоа, цврстото куќиште ги намалува вибрациите за да ја задржи прецизноста на сигналот.
Трите моќни процесори за дигитални сигнали ги поддржуваат најновите формати за звук како Dolby Atmos/DTS:X за да обезбедат најпрецизно декодирање на сигнали.
Моќниот засилувач користи електронска плоча со епоксидно стакло за намалени вибрации и изобличување, при што се добива стабилна и голема моќ од секој дискретен засилувач.
Зајакната конструкција на куќиштето го намалува звучниот притисок на надворешниот звучник за понасочен и помоќен звук.
Потрагата за најквалитетниот звук почнува со моќен трансформатор.
Металната конструкција и држачот на ладилникот ги заштитуваат електронските плочи од звучен притисок и радијација, за да се добие посилен и појасен звук.
Специјално дизајнираните ребра на ладилникот нудат максимален доток на воздух, што овозможува ладење и заштита на електронското коло на засилувачот од несаканиот звучен притисок.
Поставките на вашиот приемник се прилагодуваат лесно, благодарение на интуитивното почетно мени. Контролирајте што гледате, препознавајте кои уреди се поврзани и избирајте го начинот на кој слушате со однапред поставените режими за звук.
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Создаден за звукот со висока резолуција од страна на Sony и Philips, компаниите што го создадоа оригиналниот CD-формат, DSD (Direct Stream Digital) нуди револуционерен начин на снимање и репродуцирање на звукот. Неговата фреквенција за семплирање е 64x поголема од таа кај CD-дисковите.
STR-DH790 располага со FM-приемник со 30 мемории за дигитални радио станици, автоматско бирање и директно бирање.
Со HDMI eARC ќе уживате во најновите формати за опкружувачки звук со висока бит-стапка како Dolby Atmos® и DTS:X®, преку вашиот компатибилен телевизор.

Број на канали на засилувач7
Број на канали што може да се декодираат5.1.2-кан.
Излезна моќност145 W (6 оми, 1 kHz, 1-кан. THD 0,9 %)
Импеданса на звучник6 – 16 оми
Звучно поле2-кан. стерео, директен звук, повеќеканално стерео, Dolby Surround, Neural: X, преден опкружувачки звук, подобрување на звукот, 2-кан. слушалки
HDMI® проследувањеДа (компатибилност со HDR10, HLG, Dolby Vision™)
Повратен аудио каналДа(eARC / ARC)
HDMI® проследувањеДа
3D преку HDMI®Да
Поддршка за 4K 60p 4:4:4Да
A/V SYNCДа (променливо)
BRAVIA Sync (CEC контрола)Да
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЗВУКОТ ОД ТЕЛЕВИЗОРОТДа
Функции за калибрацијаНапреден D.C.A.C., автоматско усогласување на фаза, микрофон за калибрација (моно)
FM/AMДа / Не
Мемориран канал (FM/AM)TTL30 (30 / -)
RDSДа
Влезни и излезни приклучоциОптички аудио влез (1), коаксијален аудио влез (1), аналоген аудио влез (4), излез за предзасилувач за сабвуфер (2), излез за слушалки (1), USB (само за напојување)
Излезни приклучоци за звукПреден A, централен, опкружувачки звук, заден за опкружувачки звук, висина (стандарден со заден за опкружувачки звук), преден B (стандарден со заден за опкружувачки звук), Bi-AMP (стандарден со заден за опкружувачки звук)
Формат на декодирање за HDMIDSD, Dolby Atmos®, Dolby® Digital, Dolby® Dual Mono, DTS: X™, DTS-HD Master Audio™, DTS HD High Resolution Audio, DTS®, DTS-ES (Matrix6.1 / Discrete6.1), DTS 96 / 24
Мрежни карактеристикиПриемник со Bluetooth®
Автоматски режим на подготвеностДа
GUI (графички кориснички интерфејс)Да
Енергетски потребиAC 230 V 50 / 60 Hz
Димензии (Ш x В x Д мм)430 x 133 x 297 мм
Тежина (кг)7,4 кг