Приспособете го звукот по ваша желба со избирање на различните однапред поставени параметри за да го усогласите квалитетот на звукот според жанрот на музиката што ја слушате. Или, пак, создајте и зачувајте свои параметри со функцијата за прилагоден еквалајзер во апликацијата Sony│Headphones Connect.
Кога оригиналниот извор на музика е компресиран, се губат делови од високите фреквенции што ги збогатуваат песните. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.
Со сертифицираните слушалки за 360 Reality Audio и апликацијата Sony | Headphones Connect може да го оптимизирате вашето доживување преку анализирање на формата на вашите уши, а потоа да уживате во најдоброто музичко доживување.